Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Стабилна наплатата на даноците и придонесите

Кај данокот на добивка во првата половина од годинава Управата за јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај данокот на добивка во првата половина од годинава Управата за јавни приходи (УЈП) бележи раст на приходите за 14,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај данокот на личен доход остварената наплата е 11,7 отсто повисока, а кај данокот на добивка во април била постигната највисоката месечна наплата споредено со изминатите пет години наназад, рече денеска директорката на УЈП, Елена Петрова.

Според Петрова, наплатата кај ДДВ во оваа прва половина од годината е 16,4 проценти повисока.

Зголемување бележи и наплатата на придонесите, за 7,6 отсто во однос на истиот период лани.

Реклама

Наплатата, оцени Петрова, тече стабилно, поради што е стабилно и обезбедувањето на средствата за финансирање на јавните потреби на државата.

– Растот кај данокот на добивка беше континуиран во секој месец од годината и се бележи кај сите компоненти. Растот кај данокот по годишни даночни биланси и месечните аконтации се должи на остварените финансиски резултати, односно повисоките добивки кај компаниите, добивките од работењето во 2025 година, што генерираше повисока даночна основица за плаќање на годишниот данок за 2025 и за аконтативно плаќање на данокот за 2026 година. Но, освен кај овие компоненти, исто така висок и значителен раст имаме и кај приходите од задржаниот данок и од данокот на вкупен доход, истакна Петрова на прес-конференција во Владата.

Кај данокот на личен доход имало раст во сите месеци, а најголемото зголемување се забележува кај доходот од работа (по основ на договор на дело и авторски права), кај доходот од закупнини, доходот од капитал и капитални добивки, доходот од игри на среќа и уплатите по годишен данок на доход.

– И кај данокот на личен доход во март и јуни беше постигната највисока месечна наплата споредено со пет години наназад. Кога зборуваме за растот во однос на минатата година, за 2026 година во однос на 2025 година е неколкукратно поголем во однос на растот што беше постигнат во 2025 во однос на 2024 во истиот период од годината. Особено кај данокот на добивка, имаме раст што е 17 пати повисок од растот лани, а кај данокот на личен доход тој раст е речиси двојно поголем. И кај ДДВ растот е континуиран во сите месеци и покрај тоа што ја имавме измената со намалени стапки на ДДВ на некои нафтени деривати, рече Петрова.