Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ССМ: Мора да се зачуваат работничките права загарантирани во Законот за работни односи

Сојузот на синдикати на Македонија, во пресрет на денешната седница на Уставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на синдикати на Македонија, во пресрет на денешната седница на Уставниот суд, на која, како што е најавено, ќе се одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“, потсетува дека мора да се зачуваат работниците и работничките права пропишани и загарантирани во Законот за работни односи и Колективните договори утврдени преку социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите.

Уставните судии, како што е најавено, на денешната седница ќе треба да одлучуваат по поведената постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп – Битола), во која се оспорува одредба од членот 12 во кој меѓу другото е опфатено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Подносители на иницијативата се ССМ и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) кои уште на 28.12.2021 година, односно веднаш по договорот, ја поднесоа до Уставниот суд оваа иницијатива.