Сред лето падна снег на Шар Планина. Според информациите, уште врне. Наглиот пад на температурата на територијата на цела Македонија донесе зима среде лето на Шара. Според прогнозите на метеоролозите, последниве 24 часа земјава е зафатена од влажна и значително поладна воздушна маса од север, која условува да имаме повремени врнежи од дожд и невообичаено свежо, па дури и ладно време за третата декада на месец јули. Локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.