Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, на која била потврдена определбата за продолжување на соработката во областа на земјоделството и руралниот развој.
Како што информираат од МЗШВ, во фокусот на разговорите биле реформите во земјоделскиот сектор, користењето на европската финансиска поддршка и усогласувањето со европските стандарди. Соговорниците разговарале и за безбедноста на храната, фитосанитарната политика и унапредувањето на институционалните капацитети.

-Европската интеграција во земјоделството значи посилни институции, повисоки стандарди и поконкурентно домашно производство. Нашата цел е европската поддршка да ја претвориме во конкрерни и одржливи придобивки за земјоделците и за руралните средини- истакнал министерот Серафимовски.

На средбата била потврдена и заедничката определба за одговорно користење на расположливите европски фондови и за навремено исполнување на преземените обврски. Посебно внимание било посветено на функционалноста на воспоставените системи и потребата реформите да дадат долгорочни позитивни резултати.
