Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје.

-Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 година и на шпанскиот лауреат Хусто Хорхе Падрон, кој ќе остане запаметен по извонредните стихови посветени на Струга. За претседателката, Институтот „Сервантес“ одигра клучна улога во развојот и промоцијата на шпанскиот јазик и култура, за што Луис Гарсија Монтеро има особена заслуга. Потенцирајќи ја важноста на шпанско-македонската културна поврзаност и соработка, гостинот посочи дека Институтот „Сервантес“ потпишал Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова. 

Соговорниците оцениле дека отворањето на Институт „Сервантес“ во Скопје, на чија реализација активно работат Монтеро и амбасадорот Ортиз, би овозможило продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

Реклама

-Гостинот изрази заложба за отворање Катедра за шпански јазик во рамките на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и проширување на употребата на шпанскиот јазик во македонскиот образовен систем. Средбата се заокружи со размена на подароци инспирирани од „Дон Кихот“.  Претседателката на Монтер му подари монографија со слики на Владимир Георгиевски, меѓу кои и оние од циклусот посветен на „Дон Кихот”, а од шпанскиот гостин доби марама со илустрации од историското издание на романот на Сервантес, се наведува во соопштението.