Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Средба Божиновска – Солстром: Шведска поддршка за енергетските реформи, се отвораат нови можности за инвестиции и партнерства

– Oдличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Oдличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција, беа потврдени на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и шведскиот амбасадор, Ола Солстром.

Во фокусот на разговорите, информираат од МЕРМС, беа можностите за унапредување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни енергетски решенија, области во кои Шведска претставува еден од европските лидери.

Министерката Божиновска истакна дека Владата е цврсто посветена на модернизација на македонскиот енергетски систем, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и градење одржлив и конкурентен енергетски сектор.

Реклама

– Нашата цел е современ, ефикасен и одржлив енергетски систем, кој ќе обезбеди сигурност за граѓаните и ќе создаде поволна клима за нови инвестиции. Шведското знаење, искуство и технолошки развој претставуваат значаен потенцијал за заеднички проекти и партнерства, кои ќе придонесат за побрза енергетска трансформација на Македонија – истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Солстром ја нагласи подготвеноста на Шведска да продолжи да ја поддржува Македонија во реформските процеси и истакна дека голем број шведски компании внимателно ги следат случувањата во македонскиот енергетски сектор и препознаваат потенцијал за нови инвестиции и економска соработка.

Тој оцени дека постојат реални можности за проширување на присуството на шведски компании на македонскиот пазар, особено во проекти поврзани со енергетската ефикасност, модерната инфраструктура и иновативните зелени технологии.

Воедно, амбасадорот Солстром повтори дека Шведска останува силен пријател и искрен поддржувач на Македонија.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба за интензивирање на билатералната соработка и развој на конкретни партнерства во областа на одржливата енергија, инфраструктурниот развој и реализацијата на енергетските реформи, кои ќе придонесат за економски раст, поголема енергетска сигурност и забрзана зелена транзиција.