Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

СПЦ и БПЦ се уште молчат за одлуката на Вселенската Патријаршија

Бугарската и Српската православна црква се уште без коментар за одлуката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарската и Српската православна црква се уште без коментар за одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање на Охридската Архиепископија во канонското единство во православниот свет. Но затоа не запираат реакциите во медиумите во Бугарија и Србија, дека на БПЦ И СПЦ, соседните цркви на МПЦ, им пречи признавањето на Охридската Архиепископија.

Во недостиг на официјален став од БПЦ, бугарските аналитичари порачуваат дека не смее да биде призната  ОА како македонска, бидејќи за нив БПЦ е наследничка на Охридската Архиепископија и е веќе сместена во црковниот устав.

Исти тонови доаѓаат и од српските познавачи на црковното прашање. Со, како што ја нарекуваат – неканонската одлука на Цариградската патријаршија,   не само што се прејудицирало решение на прашањето за македонскиот раскол, туку Цариград со ова сакал целосно да ја деградираат силата на евентуалниот томос кој СПЦ би го дала на православните Македонци.

Реклама

Во кратки црти, би рекол дека ова што го направила Цариградската Патријаршија, наводно великодушно кон Скопје, тоа е Данајски подарок. Нема ништо од тоа. Ова е блефирање, дека цариградскиот Патријарх, односно Цариградската Патријаршија, имаат клучна улога во решавњето на ова прашања, а ниту имаат ниту може да имаат бидејќи тоа е надвор од рамките на Канонот – вели Јован Јањиќ – српски професор.

И домашните аналитичари не ги кријат сомневањата дека БПЦ и СПЦ лесно ќе го надминат и прифатат зборот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Според нив, максимумот кој може да го очекуваме од СПЦ е да понуди широка автономија, а што ќе направи бугарската црква , освен да не сослужува со македонските свештеници никој од црковните познавачи не може да претпостави.

Од друга страна, македонската јавност се уште е во дилема – колку е добро или не признавањето на Охриската Архиепископија без да го создржи името “Македонија“ или македонска. За дел од упатените во црковна политика, тоа е позитивно бидејќи ако би се признала Православна Црква на Македонија со претставката „северна“ реално , таква црква, би постоела само 4 години, од промената на името со Преспанскиот договор.

  • Македонските владици треба многу да внимаваат со употребата на уставното име, бидејќи тоа после ја повлекува и самата титула на поглаварот на МПЦ, дали во неа ќе ја има додавката „македонски“, сетоа тоа треба на време на да утврди, расчисти за да после не дојдеме во ситуација која нема да ни одговара вели за Алфа, Бранко Ѓорѓевски, новинар и познавач на црковното прашање.

Уште поважно во целата ситуација е каков став ќе заземе МПЦ во преговорите кои се очекуваат со Српската Црква. Дијалогот започна далеку од очите на јавноста, а со оглед на тоа дека ништо не се открива, најверојатно зад затворени врати и ќе продолжи. Српската православна црква на 15-ти мај ќе оддржи Собор во Сремски Карловци, каде најверојатно на маса ќе се најде и прашањето за независноста на македонската црква.  

Викторија Миткова