Реклама

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Како преживуваат гостиварци додека чекаат да се исчисти загадената градска вода?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Македонија

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети. Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет.

Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите.

Реклама

Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства.

Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење.

Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт.

Паралелно се унапредени и процесот на проценка на влијанието на регулативата преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

Почитувани, Овие резултати се доказ дека реформите не се декларативни, туку носат конкретни промени кои создаваат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата.