Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Собраниска делегација учествуваше на КОСАК во Даблин

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонијо Милошоски, и заменик членот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонијо Милошоски, и заменик членот на Комисијата, Саранда Имери Стафаи, учествуваа на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на Европската Унија (КОСАК), која се одржа на 12 и 13 јули во Даблин, во рамките на ирското претседателство со Советот на Европската Унија.

Во рамките на програмата, како што информираат од собраниската прес-служба, конференцијата почнала со поздравно обраќање на претседателката на Долниот дом на Ирскиот парламент, Верона Марфи, по што состанокот го отворил Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при Парламентот на Ирска. Во воведниот дел биле разгледани процедуралните прашања, извештајот од состанокот на Претседателската тројка, предлог-дневниот ред на 76. Пленарен состанок на КОСАК, како и други значајни прашања.

Првата работна сесија била посветена на темата „Приоритетите на ирското претседателство со Советот на Европската Унија“, на која воведно обраќање имал ирскиот премиер, Микеал Мартин.

Реклама

-Беше истакнато дека приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ се насочени кон конкурентност, вредности и безбедност. Понатаму се потенцираше дека фокусот е ставен особено на зајакнување на единствениот пазар и европската економија, поддршката за Украина, владеењето на правото и проширувањето на ЕУ, како и унапредување на европската безбедност, киберотпорноста и управувањето со миграцијата. Понатаму, дополнителен приоритет ќе бидат и преговорите за новата Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028 – 2034, се вели во соопштението од Собранието. 

Во рамките на дискусијата обраќање имал Милошоски кој се осврнал на приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, со особен акцент на политиката на проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан.

Тој потсетил на Солунската агенда од 2003 година, со која беше потврдена европската перспектива на земјите од регионот, нагласувајќи дека и по повеќе од две децении процесот на пристапување сè уште не е заокружен. Во тој контекст, изразил очекување дека за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ следната година да биде направен значаен исчекор во процесот на проширување на земјите од регионот. Воедно, потсетил дека земјава ја поднесе својата апликација за членство во Европската Унија уште во 2004 година, укажувајќи на долгото времетраење на пристапниот процес.

Темата на втората сесија била „Парламентарната соработка и демократската отпорност во неизвесен свет“, на која воведни излагања имале Мајкл Мекграт, еврокомесар за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите, и проф. Бриџид Лафан, почесен професор по европска политика на Европскиот универзитетски институт, по што следела дебата меѓу учесниците.

На оваа сесија било истакнато дека Европската Унија се соочува со сè покомплексни предизвици, како што се дезинформациите, киберзаканите, странското мешање и влијанието на новите технологии, особено вештачката интелигенција, врз демократските процеси. Нагласена била важноста од зајакнување на парламентарната соработка, транспарентноста и демократската отчетност, како и од поефикасна координација меѓу националните парламенти и Европскиот парламент во заштитата на владеењето на правото, изборниот интегритет и довербата на граѓаните во демократските институции.

-На сесијата обраќање имаше Саранда Имери Стафаи, која се осврна на важноста на парламентарната соработка. Во дискусијата, таа истакна дека парламентарната соработка не претставува само низа состаноци и размена на мислења меѓу пратениците, туку пред сè процес на градење меѓусебна доверба и заедничко изнаоѓање решенија за заедничките предизвици со кои се соочуваат европските демократии. Притоа, нагласи дека улогата на демократски избраните претставници е клучна во заштитата и унапредувањето на демократските вредности, при што одбраната на демократијата не смее да остане само на декларативни заложби и зборови, туку треба да се потврдува преку конкретни активности, одговорни политики и дела, информираат од Собранието. 

Состаноците на претседателите на КОСАК претставуваат значајна можност за размена на мислења меѓу претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидатки, како и со претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија, за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија, за парламентарната соработка, но и идните насоки на европската интеграција.