Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Собраниската комисија за образование, наука и спорт ќе продолжи во 14 часот

Првите читања од предлог законите за високото образование, за обезбедување на квалитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите читања од предлог законите за високото образование, за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност се на дневен ред на денешната Собраниска комисија за образование, наука и спорт.

По утврдувањето на дневниот ред претседателката на Комисијата Иванка Василевска даде пауза до 14 часот, на барање на пратеничката група на ДУИ поради учеството и на други Комисии во Собранието.

Еден час пауза имаше и по самиот почеток на седницата на барање на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ, по неприфаќањето на барањето на пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ да биде одложена за идната недела.

Реклама

– Координаторката на парламентарната група, истовремено и членка на Комисијата за образование, побара еден час пауза со цел да имаме можност да сме присутни и во Комисијата за избори и именувања, и подоцна во 11:00 часот и во Комисијата за одбрана. Јас претходно, во мојата процедурална забелешка побарав Комисијата да се одложи за следната недела, имајќи ги предвид бројот на комисии кои се закажани денеска. Истовремено продолжува и Комисијата за финансирање и буџет, каде што ние имаме наши амандмани и денес за образложение се амандманите на Европскиот фронт, истакна Пашоли.

Таа смета дека законите кои денес се на дневен ред во Комисијата за образование се со особено значење и бараат како внимание, така и соодветна подготовка за добра дебата и подобар придонес.