Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Собранието изгласа продолжување на кризната состојба во енергетиката

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија. Со 83 гласа „ЗА“ без против и воздржани Собранието донесе Одлука за продолжување на кризната состојба во енергетиката во Макеонија поради недостиг на електрична енергија. Кризна состојба е прогласена и на подрачјето на Град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Власта уверува дека кризната состојба е за да им се помогне на граѓаните, институциите и стопанството иако се уште виси набавката на струја и парно.

Обезбедени се 250 милиони за справување со кризата , а вие моќе да дадете поддршка за обезбедување на уште 100 милиони евра, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Реклама

Опозицијата даде поддршка но предупреди дека власта готви терен за злоупотреба на државни пари и склучивање тендери во четири очи без јавен оглас. Од ВМРО – ДПМНЕ побараа и одговорност за можни сценарија доколку БЕГ не успее да испорача топлинска енергија, а новиот снабдувач не биде подготвен на време за старт на грејната сезона.

Ќе ја поддржиме кризната состојба за граѓаните да имаат некаква алтернатива. Сеуште ви виси проблемот со набавка на енергенси , вели пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Здравко Трајанов

Власта остана глува на апелите на опозицијата да се прифати нивниот план кој ќе донесе поголема стабилност и заштеди. ВМРО ДПМНЕ инсистира и на законски измени со кои и јавните и комунални претпријатија би влегле на регулираниот пазар.

Сметаме дека е во ред образовните и здравствените установи да добиваат поевтина електрична енергија, но намерното изоставување на водоводните и комуналните претпријатија од стана на Владата во нивните предлог мерки е крајно некоректно и недозволиво. Владата со ова покажува дека не ги третира сите граѓани подеднакво но исто така остава простор водоводните и комунални претпријатија во наредниот период да ги зглолеми цените на своите услуги кои што дополнително ќе го влошат животниот стандард, рече пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Кризната состојба ќе трае до април идната година . Со прогласувањето се  дозволува Владата да одлучува за употреба на ресурсите на органите на државната управа, општините и Градот Скопје, како и да управува со нив во криза Исто така можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, но и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба.  Законски, Владата ваква состојба може да донесе на само 30 дена, а тоа веќе го стори на 1 септември, затоа сега, за да ја продолжи, мораше да добие согласност и во Собранието.

Кристина Алексиеска