Реклама

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија

Собранието донесе Одлука за објавување оглас за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, утврдена потребата од носење по скратена постапка неколку предлог-закони

– Собранието ја донесе Одлуката за објавување јавен оглас за именување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието ја донесе Одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека на одржаната вонредна координација со координаторите на пратеничките групи е донесена одлука да се повлече Предлог законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ од дневниот ред на 119. седница.

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку предлог-закони – Предлог на законот за изменување на Законот за задолжување на земјата со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Железничкиот коридор VIII – фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија, Предлог на законот за изменување на Законот за задолжување на државата со заем кај Европската инвестициона банка по финансискиот Договор за Железничкиот коридор VIII – источна делница МК, делница Крива Паланка – граница меѓу Македонија и Бугарија. Потоа Предлогот на законот за изменување на Законот за задолжување на државата со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии со кој, како што образложи заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, ќе се создадат услови за потпишување на амандман на договорот за заем со кој од вкупниот износ на тековниот заем од 20 милиони евра, ќе се откажат вкупно 19 милиони и 200.000 евра, а датумот за затворање на проектот, наместо 31 декември 2027 година, ќе биде 30 септември 2026 година и Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација во Северна Македонија. овие предлог-закони треба да се разгледуваат во матичните комисии.

Реклама

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски истакна дека со донесување на Предлог на законот за задолжување на земјата со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација, ќе се создадат услови за потпишување на Договор за заем со што ќе се обезбедат финансиски средства во износ од 25 милиони евра за реализација на оваа програмска рамка чија основан цел е да го зајакне капацитетот на државата за управување со јавните финансии и да овозможи поефикасно, потранспарентно и поодговорно управување со истите.

-Со претходниот закон се враќаа средствата, а со овој закон по нова постапка ги побаруваме тие средства, на поцелосен, посеопфатен начин и повеќеинституционална вклученост ги позајмуваме овие средства – рече Јанкуловски. 

Собранието треба да продолжи со работа по 120. седница по дадената пауза на барање на координаторката на пратеничката група на „Европски фронт“, Рина Ајдари.