Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Економија

Сметките за вода отидоа „нагоре“-„Ќе летнат“ ли и тие за комунален отпад?

Регулаторната комисија за енергетика која ја скрои цената на водните услуги,сега ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика која ја скрои цената на водните услуги,сега ќе ја определува и цената за комунален отпад што ќе ја плаќаат граѓаните на ниво на држава.До лани Советите на општините носеа одлука за висината на цената за комунален отпад ,сега јавноста ја интересира дали ќе има зголемување на цената на оваа услуга,што дополнително ќе го оптерети семејниот буџет на граѓаните? Првиот човек на Регулаторна, Бислимоски не очекувал да има било какви ценовни шокови.

“Ако пратите во изминатиот период од кога се дозна дека регулаторната комисија за енергетика ќе ја определува и цената за комунален отпад,советите на одредени општини ја користат оваа можност да си ја корегираат својата цена за комунален отпад”-вели Марко Бислимоски

Директорите на јавните комунални претпријатија сеуште не се информирани врз основа на која методологија ќе се утврдува цената за комунален отпад,она што е извесно е дека таа нема да биде иста за сите региони во земјава.Имајќи предвид дека сеуште не се донесени правилниците врз основа на кои ќе се утврдува цената,од јавните комунални претпријатија со единствен став дека ќе реагираат доколку е нереална.

Реклама

”Во секој случај, ние и минатата година кога извршивме промена на цената гледавме да не биде оптоварен буџетот на граѓаните, меѓутоа гледавме да се покријат и реалните трошоци на јавното претпријатие.Кај нас оптеретување како јавното претријатие се ценовните шокови за нафтата и нафтените деривати.Ако некои јавни претпријатија беа погодени со високи сметки за струја, ние бевме погодени со високи фактури за нафта”-вели Сашо Најдески,директор на Ј.П”Охридски Комуналец “

И додека јавните претпријатија бараат план Б како да обезбедат чисти улици и да го сервисираат подигањето на сметот,оти камионите не одат на вода,првиот регулатор ги окуражува да се здружеле и по теркот на европските држави да граделе постројки за производство на електрична и топлинска енергија од отпад, или пак тој отпад да го продавале на некоја друга компанија во државава и на тој начин да печалеле. 

Росица Голабоска