Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ во трка за „Срцето на Сараево“ и со награда од Ерусалим

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија денеска од тимот.

– Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „CineLink Industry Days“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, ги освои наградите „Film Centre Serbia CineLink Award“ и „Female Voices CineLink Award“. Четири години подоцна, филмот се враќа во Сараево како завршено остварување и како еден од само деветте наслови во главната натпреварувачка програма за игран филм. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година. Наградата во Ерусалим ја додели жирито во состав Исак Заблоцки, Нир Бергман и Рони Абулафија. Во образложението, жирито го истакнува комплексниот портрет на женското растење во општествено и економски ограничувачка средина и начинот на кој филмот ги прикажува дискриминацијата, општествените очекувања и односите на моќ што ги обликуваат животите на младите жени. Жирито посебно ги издвојува самоувереноста и чувствителноста со кои Дина Дума го гради светот на своите ликови, како и оригиналниот и нијансиран портрет поддржан од три исклучителни актерски изведби – пишува во соопштението.

Во образложението било наведено и дека филмот пристапува кон тешките теми со простор за хумор, сочувство и животност, без да нуди едноставни одговори, создавајќи „прецизно и длабоко емотивно филмско искуство што останува со гледачот долго по проекцијата“.

Реклама

– Наградата во Ерусалим е најновото меѓународно признание за „Скејтбордингот не е за девојчиња“. Филмот ја имаше својата светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде што Дина Дума ја освои престижната награда „Нора Ефрон“. Филмот ја следи приказната на сестрите Адела и Зара, кои растат во средина во која економската неизвесност, семејните околности и општествените правила сè повеќе ги ограничуваат нивните избори. Нивната блискост е ставена на тест кога традиционалните очекувања се закануваат да ги разделат. Преку нивната лична приказна, филмот отвора теми за женското растење, слободата, солидарноста и правото на сопствен избор – се додава во соопштението.

Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимет Абдула.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е ко-продукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Продуценти на филмот се Лабина Митевска, Себастијан Делоа, Даниел Хочевар и Вања Сремац.

– Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ годинава ќе биде двојно застапена на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во главната натпреварувачка програма, филмот „Мајка“ ќе биде прикажан во селекцијата „Во фокус“, каде што ќе ја има својата босанскохерцеговска премиера – се додава во соопштението.