Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Сиљановска-Давкова: Не се руши Рамковниот договор, етничките теми не смее да се злоупотребуваат за политички цели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека не е точно оти со одлуките поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека не е точно оти со одлуките поврзани со укинувањето на балансерот се уриваат темелите на Охридскиот рамковен договор и предупреди дека етничките теми не треба да се користат за дневнополитички цели, особено во мултиетничка држава каква што е Македонија.

Во интервју на една од националните телевизи, коментирајќи ги обвинувањата од ДУИ дека се нарушуваат принципите на Рамковниот договор, претседателката истакна дека правичната и соодветна застапеност како темелна вредност мора да биде уредена со законски норми.

– Не е точно дека се руши Рамковниот договор бидејќи ако една од темелните вредности е правичната и соодветна застапеност, таа никогаш директно не се спроведува. Секогаш темелните вредности треба да се трансформираат во норма, во закон, за да може да се спроведуваат – истакна Сиљановска-Давкова.

Реклама

Според неа, подобро решение е принципот на правична и соодветна застапеност да биде законски уреден наместо да се применува преку механизмот балансер.

Осврнувајќи се на актуелните политички случувања, таа оцени дека по две децении учество во власта, престојот во опозиција за секоја политичка партија претставува предизвик.

Сиљановска-Давкова нагласи дека зачувувањето на добрите меѓуетнички односи е суштински важно за државата и повика на одговорност во јавниот дискурс.

Во врска со европската перспектива на регионот, претседателката оцени дека интеграцијата во Европската Унија треба да биде заедничка цел на сите држави од Западен Балкан.

– Ние сме си го избрале патот, на правата линија сме. За жал, нè попречуваат, но мислам дека сме доволно отпорни не само кон трети сили туку и кон вакви влијанија за да се избориме за местото што одамна сме го заслужиле, а тоа е во Европската Унија – нагласи Сиљановска-Давкова.

Таа отфрли и шпекулации за можни негативни влијанија врз земјата од таканаречениот српски свет нагласувајќи дека не ја користи таа синтагма и дека Македонија има јасно определен европски курс.