Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Сиљановска Давкова: Мислам дека се движиме добро и државата е пофункционална во многу области за разлика пред две години

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата.

– Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од што беше во многу области, бидејќи ако напредувате со Планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само што треба да се реализира. Има некои проблеми. Доаѓа до промени, но треба да помине време. Тоа не можете со потег на перо со еден закон – рече Сиљановска Давкова во нејзината оценка за државата дали се движи во вистинска насока во гостување на една од националните телевизии.

Потенцира дека најголемите проблеми остануваат се уште корупцијата, криминалот и партизацијата во државата.

Реклама

– Нашата најголема болка беше и остана корупцијата и криминалот. Тоа е факт. Партизацијата и политизацијата се уште се силни. Каде што има партизација и политизација, лесно вирее корупција и криминал. Нам ни требаат силни институции и слаби поединци, бидејќи институционално треба да се решаваат проблемите. Јас сум шокирана просто од некои сознанија. Кога ќе видите што се случувало по некои институции, сега ова што е со СОЗР, да речеме, или да не кажувам, со некои министерства, да потсетам. Замислете вие да не одите на работа, а да примате плата.  Време треба за тоа – рече таа.

Претседателката на државата потенцира дека најприоритетно треба да се делува во однос на заштита на најслабите, да се спроведуваат реформите и да се посвети внимание на економскиот развој.

– Прво, да се заштитат најслабите, бидејќи се соочуваме постојано со криза. Значи, домаќински да се управува, да може да се преживее на некој начин. Второ, сериозно да се зафатиме со битката со корупцијата и криминалот. Како? Со спроведување на тие решенија, ако на право место се најдат прави луѓе, ако е тоа преку конкурс. Со БДП, инфлацијата да биде под контрола, но најважно проектите со Европската Унија да се одвиваат реформски, бидејќи тие не држат во кондиција затоа што парите се врзани за резултатите и на тој начин ние добиваме и позитивни решенија и резултати. Развојот на економијата е важен. Понатаму, да видиме со реформираната влада како ќе се одвиваат работите. Меѓутоа, да ги пополниме амбасадите каде што е најпотребно. Најважно е Парламентот да функционир и да ја насочи енергијата кон носење на вистински закони, кон контрола на владата, кон влијание, кон соработка со невладиниот сектор – изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова со порака и до параментарните партии – сите прашања да ги решаваат во Парламентот и преку политички дијалог.

– Ова крајно невообичаен начин, особено меѓу парламентарни партии кои сите прашања треба да ги решаваат во Парламентот, а не по телевизии и на прес-конференции. Логично е да се обраќаат на прес-конференции вонпарламентарни партии, бидејќи не се институционализирани. Меѓутоа, кога имате процес на одлучување внатре и не учествувате таму, проблемот е голем. Политички дијалог треба да има – рече претседателката Давкова.