Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Силниот ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница, штети од невремето има по домови и други институции

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. 

-Пациентите се сместени во делот каде што е суво, каде што нема протекување. Значи, во текот на ноќта ќе видиме, ќе ги префрлиме дел од пациентите на други одделенија со цел да бидат заштитени, да не настанат некои накнадни дождови со кои би се пореметило функционирањето. Некаде околу 15 до 20 пациенти се, бидејќи тоа не е целиот дел од ортопедското одделение и операционата сала на ортопедија. Но, бидејќи имаме и други операциони сали, ќе се адаптира, ќе се прилагодиме за да ги пружиме навреме нашите медицински услуги за населението овде-изјави Ефтимова. 

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вечерва информираше и дека невремето со дожд и силен ветар направи штети и на други институции и домовите на граѓаните. Некои од улиците немаат струја.

Реклама

-​На терен работат сите екипи на јавните претпријатија „Стипион“, „Исар“, Територијалната противпожарна единица. Во комуникација со СВР Штип се расчистуваат сите сообраќајници. Од она кое што можевме да го добиеме како повратна информација на самиот кризен штаб, морам да констатирам дека е предизвикана материјална штета на приватни имоти, на институцииИмаме доста случаи евидентирано во повеќе населби на паднати дрвја, гранки, кровни конструкции, оштетени возила.​Сето она кое што и во моментов го работат екипите како комисија од страна на Општина Штип која ќе ги евидентира сите настанати штети, оваа прилика ја користам да ги повикам сите граѓани да пријават одредена промена промена која е настаната поради невремето или оштетување на нивниот приватен имот, за да имаме точни податоци за состојбата на територија на Општина Штип-изјави Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вечерва изјави дека на терен се 60 вработени и работат на расчистување на штетите.

 -Јавното претпријатие „Исар“ е на терен со скоро 60 вработени лица и со целата тешка механизација којашто ја поседуваме. Приоритет ни беше да се оспособат сообраќајниците. Го оспособивме влезот на Клиничката болница, имавме паднато дрво на Филтер станицата каде што, нели, се снабдува целиот град со вода. Согласно приоритетите и насоките коишто ги добиваме од Кризниот штаб веќе интервенираме и можам да кажам дека скоро сите сообраќајници се проодни-вели Арсовски.

​Тој очекува за час до два сите сообраќајници да бидат ставени во функција.