Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Се кренаа експертите: итно да се повлечат законите за потребите на „Бехтел и Енка“, треба широка и јавна дебата

Предложените законски измени за потребите на „Бехтел и Енка“ се неуставни,  отвораат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предложените законски измени за потребите на „Бехтел и Енка“ се неуставни,  отвораат сомнеж за корупција и злоуптреба. Експертите предупредуваат дека власта турка закони кои, квалификувајќи ги како нациналчен и стратешки интерес, ќе може кога сака да си ги злоупотребува.  Ова би значело, на пример, дека во секој момент кога власта ќе има потреба од тоа,  ќе се работи 60- часа неделно, или државата би можела да одземе земјиште без правосилна пресуда, само заради давањето зелено светло на споменатите спорни закони.  

Експертите бараат повлекување  и отворање широка дискусија, затоа што скратената постапка е само уште еден сомнеж за злоупотреба.

Овие измени треба да се повлечат и да одат низ редовна процедура но Владата да обезбеди анализи зошто се потребни , вели Миша Поповиќ – Раководител на Центар за добро управување при Институт за Демократија

Реклама

Ваквите проекти отвораат сомнеж за самоволие и не се почитуваат  правните начела реагираат од Хелшински комитет. 

Навистина отвора простор за сомнеж за самоволие да може државата да утврди нешто што неа и е во интерес побрзо да биде направено и го нарушува владеењето на правото., вели Тона Карева – правен советник во  Хелшински комитет за човекови права

Еден од најспорните закони е оној за работни односи. Иако владата се обидува да го продаде како поволна одлука за работниците, правниците го урнаа во вода – прекувремена работа, велат тие, е неуставна и никој не може да се откаже од правото на одмор.

Самата содржина е изразито проблематична . Овие предлог амандмани се заобиколува одлуката на Уставен суд , вели Гоце Коцевски – Македонско здружение на млади правници

Власта ќе ги олеснува и процедурите за експропријација, односно наместо со правосилна одлука ќе може да се одземе земјиште само со имотен лист, а археолозите бараат и повлекување на законот за градење кој ќе им даде на „ Бехтел и Енка“ огромни привилегии.

Во однос на Законот на градење и законот за урбанзам го тангираат културното наследство, Орданчо Петков – Македонско археолошко друштво

Ако корупцијата се дозволи да мине, одговорност се знае треба да понесе, сложни се експертите. Според нив,  тоа се неколку актуелни министри.

Кристина Алексиеска