Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Економија

Седницата на Економско – социјалниот совет заврши без договор

Синдикатите и Владата се уште далеку од договор за платите во јавниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите и Владата се уште далеку од договор за платите во јавниот сектор.  На денешниот состанок кој се одржа зад затворени врати, спротивно од најавите на вицепремиерот Фатмир Битиќи,  имало мало поместување на ставовите,  но конечен епилог нема .

Владата нуди нивната методологија – минималец по коефициент,  да се применува од 2025, а не како што нудеа до сега од 2028 , а зголемување на платите од 5 отсто да има веднаш и 5 отсто од 2024 година односно, и позиционирање на висината на коефициентот на 3,3 отсто. – Ова е разочарувачки предлог за синдикатите. Тие бараат  покачување од најмалку 12 отсто веднаш, за колку што се качи минималецот, или на ниво на инфлацијата а , усогласувањето мора да биде со коефициент на сложеност по просечна плата, а не по минимална.  Новите пресметки на Владата и синдикатите ќе се стават на маса веќе во понеделник за кога е закажана нова седница на ЕСС.

Направивме поместување од „мртва точка“. За понеделник договоривме нов состанок, во 10 часот. Дотогаш се договоривме пресметките што ги направија синдикатите во однос на предлогот на Владата да ги доставиме до нив. Тие во понеделник да достават уште еден предлог, симулација нова, за да видиме дали ќе можеме да ги доближиме ставовите. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата по она што го зборевме денеска внатре, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски по седницата на ЕСС.

Реклама

Инаку, дијалогот се случува во момент кога УЈП и Царина се подготвуваат да стапат во генерален штрајк .  Се уште трае секојдневниот предупредувачки протест на Управата за јавни приходи во траење  од 2 часа, додека синдикатот на УЈП чека да биде повикан од помирувачот Професор Илија Манасков, кој ќе се обиде да ги приближи ставовите помеѓу двете спротивставени страни.

Од Владата очекуваат дека нема да дојде до генерален штрајк  и ќе се најде решение , односно доколку падне договор на следниот Економско социјален совет, тоа ќе е пакет решение за целиот јавен сектор.

Кристина Алексиеска