Во Амфитеатарот во Дојран вечерва свечено ќе биде отворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. На вечерашната свеченост на актерот Тони Наумовски ќе му биде врачена наградата „Мето Јовановски“, што фестивалот ја доделува за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот.