Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Светска недела на доењето: Поддршката на мајката е првиот чекор кон здраво дете

Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето, глобална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето, глобална кампања чија цел е да ја подигне свеста за значењето на доењето и да ја поттикне поддршката за мајките, новороденчињата и семејствата. Годинашната тема, „Доење за одржлив почеток на животот: Да го зајакнеме она што докажано функционира“, ја нагласува потребата од заедничка одговорност во создавањето средина во која секоја мајка ќе може успешно да го започне и продолжи доењето.

Како што велат од Матрона ИНТЛ, организација посветена на унапредување на здравјето на жените, трудниците, мајките и децата, доењето претставува најдобар почеток во животот на секое дете.

-Мајчиното млеко обезбедува оптимална исхрана, го зајакнува имунолошкиот систем и придонесува за здрав раст и развој на новороденчето. Истовремено, доењето има бројни придобивки и за здравјето на мајката, а неговите позитивни ефекти се препознаени како значајни за јавното здравје и одржливиот развој. Сепак, успешното доење не зависи исклучиво од желбата и посветеноста на мајката. Потребна е навремена и континуирана поддршка од здравствените работници, семејството, работодавците, институциите и целата заедница. Само преку создавање достапни и одржливи системи за поддршка може да се обезбедат услови секоја мајка да дои со сигурност, доверба и достоинство, наведуваат од Матрона ИНТЛ.

Реклама

Според прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, годинашната тема на Светската недела на доењето потсетува дека доењето не е само лична одлука или одговорност на мајката, туку е прашање на јавно здравје и заедничка грижа.

-Секоја мајка заслужува поддршка – од здравствениот систем, од своето семејство, од работната средина и од целата заедница. Само преку одржливи системи за поддршка можеме да направиме мајките да се чувствуваат сигурно и да имаат доверба, а на секое дете да му овозможиме најдобар можен почеток во животот. Поддршката на доењето е одговорност што сите ја споделуваме, истакнува Поп Лазарова.

По повод Светската недела на доењето, Матрона ИНТЛ и оваа година ја продолжува својата мисија да биде поддршка на мајките, трудниците и идните родители преку бесплатни едукативни вебинари, обуки и јавни настани. На 5 август ќе организира бесплатен едукативен вебинар под мотото „Поддршката го прави доењето успешно“, посветен на сите мајки, трудници и идни родители кои имаат прашања, дилеми или потреба од стручна поддршка поврзана со доењето. Во текот на цела недела, преку онлајн прашалник достапен на социјалните мрежи на Матрона ИНТЛ, мајките ќе можат однапред да ги испраќаат своите прашања. За време на вебинарот, прим. д-р  Поп Лазарова ќе одговори на најчесто поставуваните прашања, ќе разјасни дилеми и митови поврзани со доењето и ќе сподели практични совети кои ќе им помогнат на мајките да го започнат и продолжат доењето со поголема сигурност и самодоверба.