Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Сашо Клековски избран за нов министер за здравство

Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како кандидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на реконструкцијата на Владата.

Клековски досега ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено иМБА академска програма на УАЦС. 

Во неговата биографија посочува дека ја вршел функцијата прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Наведува дека од 2013 до 2016 година бил предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии.

Реклама

Во јавниот сектор учествувал во подготовката на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во биографијата наведува и дека од 2012 до 2024 година бил колумнист во дневниот весник „Нова Македонија“, а своите ставови ги објавувал и на блогот „Меѓутоа“.

Изборот на Клековски е дел од кадровските промени што се реализираат со реконструкцијата на Владата.