Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните

Членството во ЕУ е нашиот главен приоритет, поддржан со широк политички консензус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членството во ЕУ е нашиот главен приоритет, поддржан со широк политички консензус и од граѓаните. Реформите и европската интеграција бараат заедничка одговорност и консензус, порача меѓудругото денеска вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, во своето обраќање на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција.

Тој нагласи проширувањето е главен приоритет и за целиот регион и интегрирањето во Европа треба да се одвива во два правци: со спроведување на основните реформи, особено во владеењето на правото и со користење на можностите за постепена интеграција пред целосното пристапување во ЕУ.

-Извештајот на Европската комисија за 2026 година е значаен показател за нашиот напредок. Министерството за европски прашања го координира тој процес на национално ниво и обезбедува целосна комуникација и партнерска соработка со Европската комисија. Пораката е јасна. Преземени се законски и институционални мерки, но законите треба доследно да се спроведуваат и да дадат резултати – нагласи Сали.

Реклама

Во судството, додаде тој, постои Стратегија за реформа 2024–2028, нов Закон за Судскиот совет и измени во Законот за јавното обвинителство. Но, како што истакна Сали, предизвиците остануваат, нагласувајќи дека сè уште се присутни прашања поврзани со автономијата на судството и обвинителството, кадровските и финансиските капацитети и опасностите од политизација.

Тој рече дека во борбата против корупцијата е оценета подготовката на Националната стратегија 2021–2025 и зајакнувањето на контролата, но потребни се убедливи резултати, особено во случаите на корупција на високо ниво.

-Граѓаните очекуваат одговорност, одлуки што се целосно во согласност со законите и законот да важи подеднакво за сите – додаде тој.

Тој нагласи дека Македонија останува меѓу најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, потсетувајќи дека преку Планот за раст досега се обезбедени 142,1 милион евра, а неодамна е поднесено и четвртото барање за исплата, со реализирани 22 реформски чекори.

Сали упати повик до сите пратеници да дадат конструктивна поддршка на реформските закони, нагласувајќи дека политичките разлики не смеат да го попречат европскиот пат и придобивките што граѓаните ги очекуваат од реформите.

-Овие резултати ја покажуваат нашата институционална подготвеност, но и обрска да работиме со исто темпо. Затоа ги повикувам сите пратеници на конструктивен пристап кон законите поврзани со европската агенда. Политичките разлики се легитимни, но не треба да ги блокираат реформите и да предизвикаат губење на европските средства – порача Сали.

Новиот План за раст, додаде Сали, предвидува конкретни планови за слободно движење на стоките, дигитална трансформација, транспортна и енергетска поврзаност, пристап до единствениот пазар и намалување на трошоците за роаминг.

-Тоа се придобивки што граѓаните треба директно да ги почувствуваат. Националниот совет за европска интеграција има клучна улога како форум за суштинска дебата, демократска контрола и градење поширок општествен консензус. Реформите не ги спроведуваме само поради обврските што ги имаме кон ЕУ, туку затоа што ни се потребни посилни институции, независно судство, ефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар живот за граѓаните – порача Сали во своето обраќање.