Македонија мора да го искористи моментот за побрзо зачленување во ЕУ. Евроамбасадорот Михалис Рокас уверува дека процесот на проширување е инвестиција во безбедноста, просперитетот и конкурентноста.
Тој вели дека Унијата забрзано сака да прими нови членки и Македонија мора да го искористи моментот за почнување на преговорите. Се надева дека решение за Македонија може да се најде наскоро.
