Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Македонија

Ристовски: За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра

Министерот за спорт Борко Ристовски на прес-конференција во Владата го презентираше отчетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски на прес-конференција во Владата го презентираше отчетот за работа во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, истакнувајќи значителен напредок во развојот на спортската инфраструктура и поддршката на спортот. Тој нагласи дека во овој период се реализирани и започнати 60 спортски проекти со вкупна вредност над 21 милион евра, со што, според него, спортот повторно се позиционира како еден од националните приоритети, соопштуваат од Министерството за спорт.

– За само две години реализираме и започнуваме 60 спортски проекти со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра. Тоа не е политичка пропаганда, тоа е факт. Тоа е и најдобриот доказ за разликата помеѓу оние што зборуваа за спортот и оние што денес го градат спортот – истакна министерот Ристовски.

Тој посочи дека во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш, реконструкцијата на салата на УКИМ, како и изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје. Воедно, започната е изградбата на новите трибини на Градскиот стадион во Тетово, изградени и реконструирани се бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, а во различни фази на реализација се и девет базени низ државата.

Реклама

Министерот нагласи дека покрај инвестициите во инфраструктурата, Министерството воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми и со цел државната поддршка за спортот да биде насочена кон спортистите, клубовите и федерациите.

– Ова не се само бројки. Ова се објекти во кои ќе тренираат нашите деца. Ова се инвестиции што ќе останат за генерациите што доаѓаат. Некој четири години ја убедуваше јавноста дека нема пари за спортот. Ние покажавме дека проблемот никогаш не бил во парите, проблемот бил во приоритетите. Кога спортот не е приоритет, се градат само изговори. Кога спортот ќе стане државен приоритет, тогаш се градат сали, базени, атлетски патеки и игралишта. Инвестираме таму каде што претходно никој не инвестираше – рече Ристовски.

Во своето обраќање министерот се осврна и на активностите за зајакнување на законитоста и транспарентноста во спортот, потенцирајќи дека Министерството активно соработува со надлежните институции во расчистувањето на сите сомнежи за незаконско работење и корупција.

Ристовски најави дека Министерството продолжува со нов циклус капитални инвестиции, изградба на нови спортски објекти и уште посилна поддршка за спортските федерации, клубовите и младите спортисти.

– Продолжуваме со нови капитални инвестиции, нови спортски сали, нови терени, нови проекти и уште посилна поддршка за федерациите, клубовите и младите спортисти. Нашата цел е да изградиме систем што ќе создава шампиони и инфраструктура што ќе служи со децении – истакна Ристовски.

Министерот за спорт во своето обраќање истакна и дека ниеден од овие резултати немаше да биде возможен без јасната визија и довербата од претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски.

– Неговата определба спортот повторно да стане национален приоритет беше силен мотив и обврска за сите нас. Истовремено, сакам да им се заблагодарам и на моите колеги во Владата, на сите институции, на локалните самоуправи, националните федерации, клубовите и на секој кој е дел од оваа заедничка приказна. Големите резултати никогаш не се дело само на еден човек. Тие се резултат на тимска работа, взаемна доверба и заедничка визија – посочи Борко Ристовски.

Тој додаде дека целта е „да изградиме систем што ќе создава шампиони, да изградиме инфраструктура што ќе служи со децении и Министерство што ќе биде запаметено по тоа што работело, а не по тоа што ветувало – стои во соопштението од Министерството за спорт.