Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Регионална размена на искуства за организација и дигитализација на уставните судови

Организацијата на работата, кадровската структура и системите за унапредување на административниот капацитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организацијата на работата, кадровската структура и системите за унапредување на административниот капацитет на уставните судови беа во фокусот на тридневната тркалезна маса на генералните секретари, што се одржа од 24 до 26 јуни во Охрид, во рамки на Форумот на балканските уставни судови, соопштуваат од Уставен суд.

На средбата учествувале претставници од уставните судови на Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Македонија, кои преку презентации и дискусија разменувале искуства и добри практики поврзани со организацијата на службите, управувањето со човечките ресурси и дигитализацијата на судските процеси.

Како што стои во соопштението, посебно внимание било посветено на новиот Правилник за внатрешна организација на Уставниот суд на Северна Македонија, усвоен во октомври 2025 година, со кој е воспоставена структура од 13 организациски единици. Со новата организација се прави јасна функционална разграниченост меѓу судиската и административната работа, се зајакнува улогата на генералниот секретар како координатор на службата и се воведуваат современи механизми за дигитално управување со предметите.

Реклама

Во делот на кадровската поставеност била презентирана систематизацијата на 71 работно место во Стручната служба, од кои во моментот се пополнети 54, како и моделот за распределба на предметите и функционирањето на правните советници. Согласно статистичките податоци, Уставниот суд во 2025 година постапувал по вкупно 520 предмети, од кои 229 се решени, додека останатите се пренесени во работа за 2026 година.

Учесниците дискутирале и за нововоспоставениот систем за оценување на вработените, кој се базира на континуирано следење на работниот учинок преку месечни извештаи и евалуација според критериуми како навремено извршување на задачите, стручност, работна ангажираност и професионално однесување. Беа разгледани и дополнителни можности за негово унапредување преку воведување на мерливи индикатори за успешност, поголема транспарентност и креирање индивидуални развојни планови.

Од Уставен дополнуваат дека во текот на тридневните разговори се отвориле и прашања поврзани со предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во регионот, особено во делот на обезбедување доволни човечки ресурси, дигитална трансформација и одржување на високи професионални стандарди во административното работење.

Како главен заклучок било истакнато дека ваквите регионални средби имаат значајна улога во унапредување на ефикасноста на уставните судови, преку размена на практични искуства, усогласување на стандардите и продлабочување на меѓусебната соработка.