Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Регионална работилница во Битола за Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Во Битола се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година.

На работилницата учествуваа претставници на општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. 

-Како град со големо културно и историско наследство, Битола има капацитет да напредува во сите областа, вклучително и туризмот, кој пак ја афирмира нашата Општина, но во исто време има свое влијание и врз подобрувањето на економската слика. Ние големо внимание посветуваме на патната инфраструктура, многу важна и за туристите, а изградбата на автопатот од Прилеп кон Битола ќе има сериозно позитивно влијание врз подобрување на туристичката слика за нашиот град- истакна градоначалникот Коњановски.

Реклама

Учесниците на работилницата беа запознати со истражување за туристичката побарувачка, пазари и трендови, туристичката понуда, економските ефекти и организација и менаџмент со туризмот.