Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Реакција на Комисијата за заштита на конкуренцијата во однос на извештајот на ДЗР

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ја информираме јавноста дека ревизијата се однесува на работењето на Комисијата во текот на 2024 година, односно на период што го опфаќа работењето на претходниот состав на Комисијата.

Актуелниот состав на Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна сериозни институционални и организациски предизвици, меѓу кои и голем број нерешени предмети, некои од нив почнати уште во 2017 година. Истовремено, Комисијата за одлучување по прекршок подолг период не функционирала со полн капацитет, што придонело за застој во постапувањето и акумулирање  заостанати предмети.

Денес, Комисијата функционира со целосно екипирани стручни служби и функционална комисија за одлучување по прекршок, што овозможува навремено и ефикасно постапување. За постигнатиот напредок не сведочат само преземените организациски мерки, туку и јавно објавените одлуки на Комисијата, како и остварените резултати во прекршочните постапки.

Реклама

Во 2024 година биле донесени 3 решенија со изречени глоби во износ од 1.968.100 денари, а во 2025 година се донесени 31 решение со изречени глоби во вкупен износ од 56.206.321 денар. Во истиот период се наплатени 110.917.550 денари врз основа на правосилни и извршни решенија. Тоа претставува зголемување на бројот на донесени решенија за речиси 933 %, а на изречените глоби за приближно 2.756 %, што јасно укажува на значително поефикасно спроведување на прекршочните постапки.

Покрај тоа, Комисијата активно постапува и по препораките содржани во ревизорскиот извештај, со цел дополнително унапредување на финансиското управување, материјалната и сметководствената евиденција, јавните набавки и внатрешните контролни механизми.

Напредокот во работата на Комисијата е препознаен и во рамките на оценувањето на исполнувањето на реформската агенда од страна на Европската комисија, каде што е констатиран значителен напредок во спроведувањето на политиките за заштита на конкуренцијата и во зајакнувањето на институционалните капацитети.