Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Економија

Расте увозот, се намалува извозот, трговскиот дефицит е најголем во изминатите осум години

Македонија сѐ повеќе увезува отколку што извезува.  Во 2022 година  сме потрошиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија сѐ повеќе увезува отколку што извезува.  Во 2022 година  сме потрошиле речиси 12 милијарди евра за увоз што е дури за 25 проценти повеќе од минатата година.  Трговскиот дефицит достигна рекордна бројка од  над 3 милијарди евра (235 747 221 илјади денари.)

Енергетската криза и недоволната стратегија на Владата за домашно производство  очигледно се  одразува врз економијата .  Она што го зголемува увозот, во недостиг од домашни извори е купувањето на електрична енергија, нафта и природен гас.  Според податоците од ДЗС, за електрична енергија, гас пареа и климатизација ,за увоз потрошени се речиси 580 милиони евра , што е 300 милиони повеќе од 2021 кога се потрошиле околу 280 милиони евра .

Трговскиот дефицит со кој се заокружи 2022 е најголем во последните осум години, реагираше и лидерорт на опозицијата Христијан Мицикоски. Според него, ова е резултат на лошите политики на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Реклама

Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред, напиша Мицкоски.

Податоците велат, дека Македонија низ годините само го намалува извозот , а го зголемува увозот , што укажува на недостигот на домашно производство и ја прави земјава увозно – зависна. Ако во 2015 година процентот на покриеност на увоз со извоз бил 70, 2 % , 2022 година тој процент е 68,4 %.

ТЕЛОП    Покриеност  на увозот со извоз

Година           Процент

2015                – 70,2%

2016                  -70,9%

2017                  – 73,4%

2018                  – 76,5%

2019                   – 76,2%

2020                  – 76,1%

2021                  – 71,8%

2022                 –  68,4%

Според податоците од ДЗС, Македонија и извезувала повеќе од минатата година за 19 проценти.   Изминатата година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Кристина Алексиеска