Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во болницата „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје денеска беше пуштено во употреба целосно реконструираното Одделение за трауматологија, во чија обнова се инвестирани речиси 230.000 евра. 

Како што истакна директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, капацитетот на одделот изнесува 26 кревети, каде што девет хирурзи трауматолози годишно изведуваат речиси 1.100 оперативни интервенции. Настов истакна дека со реконструкцијата целосно се обновени инсталациите, системот за греење и подовите, а поставени се и сензорски врати за намалување на интрахоспиталните инфекции.

– Направена е реконструкција на комплетно целиот оддел со комплетно нова електрична инсталација, водоводна, доводна, одводна канализациска мрежа, како и промена на системот за парно греење, промена на комплетните подови и монтажа на таканаречени автоматски сензорски врати, кои се во склоп на препораките на Светската здравствена организација за намалување на трансмисијата, односно преносот на интрахоспиталните инфекции, што подразбира дека нема кваки на самите врати, туку само со доближување на раката сензорите се отвораат или се затвораат – посочи Настов.

Реклама

Инвестицијата, појасни, изнесува речиси 200.000 евра само за градежните активности, со дополнителна инвестиција од 30.000 евра, која е за комплетно новиот мебел на одделот, обезбедени од спонзорства од општествено одговорни компании. – Оние 200.000 евра се од буџетот на самата болница, односно од нашиот буџет – појасни Настов.

Прашан колку пациенти биле згрижени и на колку им била укажана помош по вчерашното невреме во Скопје, Настов посочи дека се јавиле за преглед вкупно 22 пациенти.

– Од 22 пациенти, двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани поликлинички, со полесни повреди. Од двајцата, еден е веќе опериран во текот на ноќните часови со скршеница во пределот на шаката. Има уште еден пациент, кој е странски државјанин, турист, кој е повреден при пад на дрво, кој е со повреди во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи дека се планира за конзервативен, односно неоперативен третман – посочи Настов.

На денешниот настан присутни беа и министерот за здравство, Сашо Клековски, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Според Клековски, Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” е прва инстанција за трауматски повреди во главниот град. – Старата Градска во градот е позната како прва инстанција за трауматски повреди и вообичаено сите што имаат траума стигнуваат тука. Можам да кажам дека директорот е амбициозен и веќе работи на планот за целосна реконструкција и на ургентниот и на оперативниот блок. Се надевам дека со тоа во догледно време ќе се комплетира реконструкцијата на овој капацитет, кој е важен хируршки центар во градот – рече Клековски.

Во врска со синоќешното невреме, тој додаде дека на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ има згрижено 11 повредени, од кои тројца се со посериозни скршеници.

– Ги следиме штетите на здравствените установи, има паднати дрвја во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, без повредени, во Психијатриската болница во Бардовци исто така без повредени, но таму имаше и неколкучасовен прекин на струјата, кој е обновен, а има и значителни штети на покривната конструкција во Клиничката болница во Штип. Има штети и на покривната конструкција на ГОБ „8 Септември“. Клиничката болница и ГОБ „8 Септември“ се осигурени, така што работат и осигурителните куќи на процена на штетите, по што веднаш ќе се реагира за да се обезбеди непречено работење на двете болници – посочи Клековски.

Во врска со епидемијата во Гостивар, министерот посочи дека е во смирувачки тренд. – Од вчерашната информација дека имавме приближно 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 пациенти. Имаме натамошно намалување и тоа е веќе значително намалување од пикот што беше во саботата, кога имаше за еден ден речиси 600 пациенти. Ние продолжуваме со поддршка на сите неопходни епидемиолошки активности за да се утврдат дијагностиката и настаните. Значи, ова не е прв случај, сакаме да биде последен ваков случај и да покажеме дека можеме да функционираме соодветно – рече Клековски.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитки до раководството и вработените нагласувајќи ја определбата на Владата за континуирано вложување во здравствениот сектор.

– Од 1965 година се нема шајка заковано тука, така што полека, но сигурно, почнуваме да ги реализираме приоритетите. За жал, не можеме сè она што со децении било уништувано да го исправиме одеднаш, но еден по еден приоритет ги решаваме. Така што и во периодот што следува здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме, веќе буџетот надминува една милијарда евра годишно, кои ќе се инвестираат во здравството – истакна Мицкоски.