Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Промовирана книгата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)” на авторот Васил Стерјовски

Во музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, Општина Пустец, се одржа промоција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, Општина Пустец, се одржа промоција на книгата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)”, од авторот Васил Стерјовски. 
 
Пред присутните за значењето и научниот придонес на книгата говореше Ефтим Митревски. 
 
– Делото на Стерјовски е од огромна важност бидејќи  претставува значаен историски запис за страдањата на Македонците од Горна Горица и вреден придонес во зачувувањето на историската меморија за настаните од меѓувоениот период, рече меѓу другото Митревски. 


 
Во своето обраќање, авторот Васил Стерјовски ја претстави содржината на книгата, истражувачкиот процес и архивската документација врз која се темели изданието.

-Книгата има за цел да ја расветли судбината на Македонците од Горна Горица, кои во периодот од 1924 до 1933 година биле изложени на прогон, притисоци и присилно иселување, оставајќи трајни последици врз македонското население и регионот, нагласи авторот. 
 
Книгата има особено значење за македонската заедница во Албанија, бидејќи претставува документарно сведоштво за судбината на Македонците од Преспанскиот регион и придонесува за зачувување на нивната историска меморија, национален идентитет и културно наследство. 

Реклама

Преку архивски документи, сведоштва и научен пристап, делото отвора простор за подлабоко разбирање на историските процеси што го обликувале животот на Македонците во пограничниот регион и претставува значаен извор за идните истражувања на историјата на Македонците во Албанија.


 
На промоцијата присуствуваа и членови на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија од Скопје, кои со своето присуство дадоа поддршка на ова значајно издание и на напорите за зачувување на историската вистина и колективното сеќавање. 
 
Промоцијата помина во атмосфера на интерес и плодна дискусија, при што беше нагласено дека истражувањето и објавувањето на вакви дела претставува важен придонес не само за македонската историографија, туку и за афирмацијата на историското наследство на Македонците во Албанија, како нераскинлив дел од нивниот национален и културен континуитет.