Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе се обрати на настанот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, соопшти владината прес-служба.
Настанот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации, во соработка со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај премиерот Мицкоски, воведни обраќања ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија Рита Колумбија и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Во рамки на форумот ќе се одржат повеќе панел-дискусии посветени на усогласување на одржливоста, трговијата и растот во Европа, регионот и земјата, иновации, дигитализација и зелени инвестиции за отпорност, одржливи синџири на снабдување и подготвеност за извоз.
