Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети општина Неготино, каде што ќе ја пушти во употреба реконструираната улица 29 Ноември и ќе изврши увид во градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата Маршал Тито со улиците Партизанска, Даме Груев и Христо Ботев.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
