Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Преку Министерството за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари

Почна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) – соопшти денеска прес-службата на Министерството за финансии (МФ). 

Договорот за грант помеѓу Здравствен дом – Скопје и Министерство за Финансии беше потпишан во декември 2025 година по што беше спроведена постапка за јавна набавка и во март оваа година беше потпишан договорот со избраниот изведувач во вредност од 31.028.850 денари по што почна реализацијата на градежните работи.

МФ најавува дека со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите.

Реклама

– Поликлиниката „Идадија“, изградена 1975 година, повеќе од четири децении функционира со застарена инфраструктура – без соодветна термоизолација, со дотраена фасадна столарија, неефикасен систем за греење и застарено осветление. Таквата состојба резултира со висока потрошувачка на енергија и зголемени трошоци за функционирање и одржување на објектот. Реконструкцијата се спроведува врз основа на претходно изработена енергетска контрола и основен проект, која опфаќа поставување нова термоизолациска фасада и покривна изолација, целосна замена на фасадната столарија, модернизација на системот за централно греење, поставување енергетски ефикасно ЛЕД-осветление, како и реконструкција на електроинсталацијата – велат од Министерството за финансии. 

Со реализацијата на проектот се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, пониски оперативни трошоци за функционирање на установата, подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна, побезбедна и поефикасна здравствена средина за илјадниците граѓани, кои секојдневно ги користат услугите на Поликлиниката „Идадија“.

Како што посочуваат од Министерството за финансии, реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавното здравство и е дел од пошироките заложби за унапредување на јавната инфраструктура преку енергетски ефикасни и одржливи објекти, кои обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и поефикасно користење на јавните средства.