Филмско уживање среде природна убавина – фестивалот „Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега. Локалната власт е задоволна што од година во година „Преку Езерото“ дава значајна додадена вредност во туристичката понуда, која станува сѐ побогата. Градоначалникот Тентов во изјава за Алфа вели дека финансиската поддршка за фестивалот ќе се зголеми и очекува сезонава да биде уште побогата со туристи.