Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Пратениците денеска продолжуваат со работа

Пратениците денеска продолжуваат со работа. Нивниот одмор кој официјално почна после Илинден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците денеска продолжуваат со работа. Нивниот одмор кој официјално почна после Илинден беше ставен „на пауза“ само еден ден и тоа на 18 август за седницата за потребите за уставни измени.

Претседателот на Собранието Талат Џафери по оваа седница која заврши за неколку часа, продолжи да оди во својата кацеларија и да ги извршува обврските.

    Во Собранието за денеска се закажани две седници на Законодавно – правната комисија и тоа продолжение на 200-та и 203-та седница и седница на Буџетскиот совет на Собранието.

Реклама

Новата собраниска седница, прва по одморот, е закажана за 5 септември.

 На седницата на Буџетскиот совет на Собранието на дневен ред се Предлог-одлука за давање на согласност за изменување и дополнување на Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2023 година, Предлог на стратешки план на Собранието на Република Македонија за периодот 2024-2028 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2024 година и Предлог на буџет на Собранието на Република Македонија за 2024 година.

На дневен ред на 200-та седница на Законодавно – правната комисија се останати Предлог на закон за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, сите по скратена постапка, Предлог на закон за адвокатурата, и Предлог на закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, сите во второ читање.

 Закажана е и нова 203-та седница на оваа комисија, а на дневниот ред се пет автентични толкувања на членови на закони и тоа на член 117 став 4 од Законот за работни односи поснесен од пратеничката Снежана Калеска Ванчева, член 95 од Законот за градење поднесен од пратеничката Вјолца Адеми, на член 27 став 1 од Законот за судска служба поднесено од пратеникот Лолита Ристова, на членот 187 со член 161 ставови 2 и 6 од Законот за високото образование поднесен од Никола Мицевски и на член 9, став 1, точка 7 а од Законот за данокот на добивка поднесено од пратеникот Јован Митрески.

 На 1 септември закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет на чиј дневен ред се извештаи и финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување.

 Претседателот на Собранието Талат Џафери, новата 125-та седница ја закажа за 5 септември.

На предложениот дневен ред засега се 15 точки, меѓу кои, Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република и Барање за давање на автентично толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.