Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Почнува реконструкцијата на капелата на градските гробишта во Куманово

Надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, денеска информираа  дека од понеделник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, денеска информираа  дека од понеделник започнуваат градежните работи за реконструкција на капелата на градските православни гробишта. Реконструкцијата се реализира во рамки на проект финансиски поддржан од Владата, а спроведен преку Општина Куманово, со цел да се подобрат условите и квалитетот на услугите што им се обезбедуваат на граѓаните.

-За време на изведувањето на работите капелата нема целосно да биде затворена. Реконструкцијата ќе се одвива во две фази, при што дел од просториите ќе останат во функција за непречено одвивање на погребалните обреди- изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.

Од претпријатието апелираат до верниците да покажат разбирање за време на реконструкцијата, да ги почитуваат поставените ознаки и упатствата и да се движат внимателно во делот каде што ќе се изведуваат градежните активности. Од ЈП „Чистота и зеленило“ замолуваат граѓаните да имаат  трпение и разбирање  за време на реализацијата на проектот.