Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Поставени фотоволтаици на едно училиште во Охрид, останатите повторно ќе се борат со високи сметки за струја 

За да не мрзнат во училишните клупи,со цел да се обезбедат топли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да не мрзнат во училишните клупи,со цел да се обезбедат топли простории општина Охрид почна со поставување на фотоволтаични централи со што ќе се избегнат и астономските сметки за струја. За сега со електрична енергија од ваков вид на обновливи извори е обезбедено општинското економско училиште “Св.Кирил и Методиј “.Измината година беше исклучителна тешка,вели директорот на ова средно училиште кој очекува сметките за струја да бидат за 50 % пониски од ланската зима.

Сега со изградбата на новиот систем за греење, каде што ќе се грееме на електрична енергија, имаме сега и прозводство на електрична енергија значително ќе се намалат сметките за струја и мислам дека ќе имаме нов економичен систем на греење оваа година”-вели Ристе Јанковски,директор на Св.Кирил и Методиј “.

Иако се работи за донација, поставувањето на фотоволтаични цетрали не е голема инвестиција и чини околу 20.000 евра и ние можеме да си го дозволиме тоа,но во државава има училишта кои немаат пари вели градоначланикот Пецаков.Како ЗЕЛС често бараме поддршка и помош од владата кога станува збор за електричната енергија.

Реклама

Нас не оставија 8 месеци без никаква поддршка за тек во март 2023-та да добиеме некакви потпишување со АД.ЕСМ за субвенционирана струја за клучни институции и објекти.А иначе е тешко да,секако дека стравуваме.Ние поминавме една пеколна година  по однос на цената на струјата, посебно настрада Ј.П. Водовод каде што за една година генериравме долг од преку милион и 400.000  евра”-вели градоначалникот Кирил Пецаков

Голем дел посебно на училиштата во државава ќе се греат на нафта,што ќе биде големо оптеретување за општините бидејќи цената на нафтените деривати, расте.

Се работи за берзански цени кои што зависат од разни геополитички ситуации,така да не сме ние кои што можеме да го предвидиме тоa Ристо Јаневски,претставник на енергетска компанија

Поставувањето на мини фотоволтаични централи е процедура која трае долго,затоа час поскоро треба да ја отпочнат и сите мали претпијатија и со тоа да приднесат за подбра ситуција во енергетскиот систем,соверуваат познавачите на приликите.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски