Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Поранешни функционери бараат реформа на СДСМ

Дваесетина поранешни и еден актуелен функционер на СДСМ го промовираа новото движење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесетина поранешни и еден актуелен функционер на СДСМ го промовираа новото движење – алтернатива на СДСМ, кое, според нив, треба повторно да ја афирмира социјалдемократската идеја, за која сметаат дека не е доволно застапена под раководство на актуелниот лидер Венко Филипче, пишува „Дојче Веле“.

На собирот присуствуваа дел од поранешното раководство на СДСМ – екс потпретседателот Игор Ивановски, кој ја предводи иницијативата, поранешниот генерален секретар Никола Ќуркчиев, Емилијан Станковиќ, поранешните потпретседатели Андреј Петров и Гордан Георгиев. Од актуелните функционери присутна беше пратеничката Славјанка Петровска, која беше противкандидат на Венко Филипче во трката за лидерската позиција во СДСМ, како и претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова.

На собирот, насловен „Разговори за иднината“, присуствуваа и адвокатот Звонко Давидовиќ и политикологот Ненад Марковиќ.

Реклама

„Не сме фракција”

Во соопштението по настанот, учесниците истакнаа дека опозицискиот простор не се гради со формирање нови партии, туку преку идеолошка и вредносна (р)еволуција.

Во него се посочува дека собирот, организиран под мотото „Разговори за иднината во 12:05“, претставува нова демократска платформа за унапредување на општествената дебата.

„На Македонија ѝ е потребен нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени. Прогресивната демократска јавност има потреба од суштинска и објективна дебата, која, за да ја постигне својата цел, мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските авторитети“, се наведува во соопштението.

„Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија“, порачуваат учесниците.

Во неформални разговори, дел од присутните, одговарајќи на прашањето на ДВ дали станува збор за фракција во СДСМ, рекле дека тоа не е случај, бидејќи не се дел од партиските структури, а според нив, сегашниот статут на СДСМ не овозможува демократско формирање фракции. Сепак, некои од учесниците за ДВ изјавиле дека нивната крајна цел е трансформација на СДСМ.

„Останувам во СДСМ, не си заминувам. Целта на нашата нова платформа е да вршиме притисок за промени во партијата“, изјавил еден од учесниците, кој побарал да остане анонимен.

Неформално било посочено и дека иницијативата е поттикната од, како што велат, лошата состојба во државата, како и од можноста во следните шест месеци да бидат распишани предвремени парламентарни избори, што, според оваа група, не би било добро решение за земјата.

Филипче: Знаеме зошто го прават тоа

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, во првата реакција по настанот, за ДВ изјави:
„Ние знаеме што е ова. И знаеме зошто се прави”.

„Постои Фронтот за вистина и правда. Сѐ друго е фејк. Наместо да одат на таков собир, нека го отворат Фејсбук профилот на Латас, нека ја вклучат Алфа ТВ – таму имаат доволно „различно мислење“ кое секојдневно го труе народот со лаги, со измислени непријатели на Македонија, на идентитетот, јазикот и културата”, рече Филипче.

Тој притоа се осврна на ЗНАМ како паралела на новата фракција во СДСМ и потенцира дека „сега, кога знаеме дека еднаш веќе беше направен еден „ЗНАМ“ од страна на Мицкоски и од група луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи, и тоа служеше за да се претопат гласовите на опозицијата во гласови за Мицкоски и неговата банда – тогаш одењето на собир кој го организираат истите тие луѓе, не бара многу објаснување”.

Денешниот настан, инаку, се одвиваше зад затворени врати под таканареченото правило Чатам (Chatham house rule) кое значи дека не смее да се наведуваат имиња на дискутантите, а смее да се открие содржината на нивните дискусии. Ова правило вообичаено се применува за дискусии на чувствителни и контроверзни теми, иако најавените теми во поканата за собирот не може да се наречат такви. Темите за кои се разговараше се иднината на државата, владеење на правото но и како посебна точка беше наведена „состојбата со опозициското делување” што укажува на амбицијата на групата да се промовира како алтернативна или водечка опозиција на политичката сцена.

На неколку медиуми кои дојдоа на настанот им беше речено дека не може да присуствуваат ниту да снимаат, а беше најавено соопштение по неговото завршување.

Првите реакции на политичките набљудувачи се индиферентност додека поддржувачите и симпатизери на СДСМ на социјалните мрежи ја обвинија групата дека дејствува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.