Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд на заеднички настап во Струмица во рамки на одбележување 35 години независна Македонија

Легендите на електронската музика Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Легендите на електронската музика Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат заедно на 16 август во Градскиот парк во Струмица, во рамки на одбележувањето 35 години независност на Македонија.

Настанот беше најавен денеска на прес-конференција во Струмица од портпаролката на Владата, Марија Митева, и Бобан Милошески од „Авалон“.

Митева истакна дека одбележувањето на јубилејот ќе се реализира низ повеќе градови во државата, со цел граѓаните да имаат можност заеднички и достоинствено да ја одбележат 35-годишнината од независноста.

Реклама

-Ми претставува особена чест и задоволство што можеме еве денеска токму од Струмица, од паркот, од Градскиот парк во Струмица да најавиме уште еден грандиозен настан којшто ќе биде во склоп на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Навистина како Влада ветивме уште од самиот почеток дека ова ќе биде настан којшто ќе се случува во повеќе градови низ Македонија, сè со цел да дадеме повеќе достапност, да имаме повеќе единство и да размислуваме за тоа како достоинствено Македонија да ги одбележи 35 години независност – рече портпаролката Митева.

Сигурна сум, додаде Митева, дека настанот ќе биде посетен од цела Македонија, бидејќи заслужува почит и достоинствено одбележување.

Според Милошески од „Авалон“, одбележувањето на 35 години независност е настан каков што досега не е организиран во поширокиот регион.

-Уште на почетокот најавивме дека одбележувањето ќе трае еден месец и ќе има многу сериозни настани. Некои мислеа дека сме несериозни, но еве се што најавивме досега е доволен доказ дека не е така. Дојдовме овде во Струмица да го најавиме, за мене лично ми е најдраг настан од сите, на 16 август во недела токму тука во Градскиот парк ќе имаме заеднички настап на двајцата највлијателни ди-џеи на сите вфремиња, Пол Ванд Дајк и Пол Окенфолд. Мислам дека тоа е голема работа и за Македонија и за регионот. Ја избравме Струмица како град затоа што е голем и убав град и нормално е да има таков настан- истакна Милошески.

Настанот во Струмица ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, овозможувајќи им на посетителите од цела Македонија да бидат дел од една незаборавна вечер со великаните на светската електронска музичка сцена.

Манифестацијата „35 години независност на Македонија“ започнува на 2 Август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје со настап на Дејвид Гета со многу концерти и настапи на големи светски и македонски уметници.