Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Пешевска: Продолжува спроведувањето на активностите за унапредување на еднаквите можности во Собранието

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието Жаклина Пешевска, денеска одржа работна средба со членовите на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието, за периодот 2025 – 2027 година.

На средбата беше направен пресек на досегашната реализација на активностите предвидени со Акцискиот план. Имајќи предвид што Планот се спроведува во периодот 2025 – 2027 година беше констатирано дека досегашната реализација е задоволителна и изнесува околу 55 % од предвидените активности. Воедно, беше посочено дека 10 отсто од активностите се во тек на реализација, а реализацијата на приближно 31 процент не зависи само од Работната група туку од постапувањето и координацијата со други надлежни органи.

Собранието го усвои Кодексот за етичко однесување на пратениците, со кој јасно се утврдуваат принципите на почитување, интегритет и одговорност во парламентарното работење, вклучувајќи одредби за спречување на сите форми на насилство, дискриминација и вознемирување, како и за промовирање на рамноправноста. Усвојувањето на Кодексот претставува значаен исчекор во унапредувањето на демократските стандарди и е една од клучните активности предвидени во Акцискиот план.

Реклама

Воедно, беше истакнато дека во наредниот период е предвидена реализација на повеќе значајни активности од Акцискиот план, кои ќе придонесат за натамошно унапредување на политиките за еднакви можности и зајакнување на институционалните механизми за промовирање на рамноправноста.

Работната група ќе продолжи со редовно следење на спроведувањето на планираните мерки и со координација на активностите со надлежните институции, со цел навремена и успешна реализација на утврдените приоритети.