Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Петрушевски: СДСM одработува за интересите на Бугарија мислејќи дека така ќе дојдат на власт

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски  вечерва гостуваше на една од националните телевизии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски  вечерва гостуваше на една од националните телевизии, при што се осврна на односите на Македонија со источниот сосед Бугарија, како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое, како што рече Петрушевски, претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

-Она коешто сега се случува е многу сериозна ситуација затоа што ние имаме едно странско мешање во внатрешните работи на Македонија преку лажни вести. Пред некој ден беше споделена јавно дипломатска нота, нешто што е невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на тие односи, на нашиот премиер, на неговото семејство. Во којашто беа изнесени информации за регистрација на возила, лични документи, локација на престој итн. Нешто што е невидено во дипломатскиот свет до сега. Ние такви ноти како држава, исто така, добиваме секојдневно и тоа никогаш не сме ни помислиле како држава, таква информација да биде изнесена, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски додаде дека во Македонија беа споделувани информации дека одредени функционери, коишто патем не беа ни правилно именувани, имале бугарски пасоши што е апсолутна невистина, но она што загрижува е тоа што бугарска пропаганда, сега првпат во државата, е користена од страна на една политичка партија во опозиција којашто гради наратив врз основа на ваквите лажни вести.

Реклама

-Суштината ми е дека тие лажни вести, информации ги пласира Бугарија, а овде имаме домашна политичка партија која врз основа на тие лажни вести потоа држи прес-конференции и гради наратив за да одработи за интересите на Бугарија и за да успее да наметне мнение во јавноста дека ставањето на Бугарите во Уставот не е ништо страшно и тоа е нормална работа, кажа Петрушевски.

Додаде дека „идејата на целото тоа е она што СДСМ знае да го прави, а тоа е дека тие не очекуваат граѓаните нив да ги донесат на власт, туку тие очекуваат дека одредени странски сили ќе направат одредени потези во Македонија и нив ќе ги доведат на власт, затоа што се свесни дека тие пред граѓаните секако губат“.