Реклама

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Алфа репортажа: Како преживуваат гостиварци додека чекаат загадената градска вода да се исчисти?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

Македонија

Петрушевски: СДСM, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар и покажуваат дека за граѓаните ич не им е гајле

Почитувани, Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДСM да се јавуваат во јавност и да лажат.

СДСM и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки.

Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото село Сливник водата е неисправна. И замислете, презентираат стар извештај.

Реклама

Добронамерно ги советуваме, да се освестат и да прекинат да шират лаги и паника и да се погледнат себе си.  

Зошто? Затоа што тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДСM, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.

Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично.

А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните.

Сепак, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и соодветно за да ги заштити граѓаните.