Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Петрушевски: За СДСM, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри

СДСM, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор.

Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно, за СДСM, ДУИ и Таравари принципите важат само кога треба да нападнат политички противник. Кога се работи за нивните функционери, тогаш нема ниту одговорност, ниту морал, ниту оставки.

Реклама

Граѓаните заслужуваат одговори, а не двојни стандарди. Зошто СДСM, ДУИ и Таравари не бараат реакција од општината за скандалот? Зошто општината по 3 дена од кога сите дознаа за скандалот се јави со прес-конференција? Зошто општинските служби немаат со прст мрднато?

Затоа што не се способни и мораше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ја земе работата во свои раце. На граѓаните им е јасно што може да се очекува кога СДСM, ДУИ и Таравари се на власт.