Исчистена е обраснатата вегетација на локалниот патен правец Бели – Нивичани – Пантелеј. Отстранетата вегетација од двете страни на коловозот ја подобрува прегледноста на патот, како значаен фактор за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот, информираат од Општина Кочани.

Општина Кочани апелира во претстојните празници, кога фреквенцијата на сообраќајот кон верските објекти на овој дел од општината ќе биде зголемена, возачите да ги управуваат возилата внимателно, според сообраќајните правила и прописи.
