Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Партијата на Македонците и  другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заедничко барање со препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа на Албанија, со кое бараат суштински измени во изборното законодавство, со цел обезбедување на поефикасно политичко претставување на националните малцинства. 
 
Документот е доставен и до  Народниот правобранител, Делегацијата на Европската унија во Албанија, Мисијата на ОБСЕ  и Канцеларијата на Советот на Европа во Тирана. 
 
Партиите кои ги претставуваат македонското, влашкото, египќанското и ромското национално малцинство, истакнуваат дека претстојната изборна реформа треба да предвиди јавно финансирање на изборните кампањи и редовно годишно финансирање на политичките партии на националните малцинства. Според нив, ваквата поддршка е неопходна за овие партии да можат рамноправно да учествуваат во политичкиот живот и во изборните процеси, бидејќи во моментов се наоѓаат во нерамноправна положба во однос на останатите политички субјекти. 
 
Во препораките се нагласува и потребата од воведување загарантирано парламентарно претставување на националните малцинства во Собранието на Република Албанија. Според потписниците, актуелниот регионален пропорционален изборен систем не ја одразува демографската реалност на националните малцинства, кои се распоредени низ целата држава, а не се концентрирани во посебни изборни единици. Поради тоа, постојниот систем практично го оневозможува нивното ефективно парламентарно претставување. 
 
Партиите потсетуваат дека голем број европски држави, меѓу кои Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Германија, Полска, Белгија и Косово, веќе имаат воспоставено успешни модели за загарантирано претставување на националните малцинства во парламентите. Овие примери, според нив, покажуваат дека ваквите механизми ја зајакнуваат демократијата, ја поттикнуваат политичката инклузија и придонесуваат за институционална стабилност.


 Во документот се нагласува дека ефективно парламентарно претставување на националните малцинства не претставува само прашање на демократска еднаквост, туку и меѓународна обврска што произлегува од Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства. Особено се посочува Петтото мислење за Албанија, усвоено во 2023 година од Советодавниот комитет на Конвенцијата, во кое се препорачува Албанија да преземе позитивни мерки за обезбедување ефективно претставување на националните малцинства во Парламентот. 
 
Потписниците изразуваат уверување дека усвојувањето на овие предлози ќе ја доближи Албанија до најдобрите европски демократски стандарди во областа на заштитата на правата на националните малцинства и ќе претставува значаен чекор кон поинклузивна демократија, политички плурализам, еднаквост и почитување на културната разновидност. 
 
На крајот  партиите ги повикуваат надлежните институции и меѓународните партнери сериозно да ги разгледаат нивните препораки при подготовката на измените на изборното законодавство, со цел да се обезбеди вистинско и ефективно учество на националните малцинства во политичкиот живот на Република Албанија.