Паднаа првите пресуди за членовите на картелот „Беланца“, а во тек е судењето на лидерот на групата, Ајети Тоти.
Тројца членови на криминалната група денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротивставената нарко-банда „Дуќанџик/Грчец“, како и убиството на Пластичарска, кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Третиот обвинет е осуден на 4 години за кривичното дело изнуда.

Сè уште е во тек судењето за лидерот на „Беланца“, Фатљум Ајети Тоти, како и за други членови на неговата банда, кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуда, закани, палење објекти и автомобили.
Се смета дека Тоти е наводниот лидер на „Беланца“. Едно од убиствата кои им се препишуваат е тоа на Орхан Бајрами, кој беше ликвидиран во јули 2023 година во Ханиоти, Грција, додека бил на одмор.
Според истрагата, напаѓачите пристигнале со возило, се доближиле до апартманот во кој престојувал и испукале повеќе куршуми низ прозорецот.
