Реклама

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Македонија

ОЈО ГОКК во 2025 година поднело барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. 

Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители, се во тек.

Елаборирајќи го извештајот, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, изјави дека годинава имале повеќе кривични пријави од областа на економскиот криминал и високата корупција и затоа вредноста на замрзнатиот имот е пет пати поголема, споредено со претходната година кога обвинителството повеќе било насочено кон организирани криминални групи кои вршеле кривични дела убиства и дрога. 

Реклама

-Обвинителството можеме да заклучиме дека во 2025 година се соочи со зголемен број на пријавени сторители и со тоа зголемување на обемот на работа.  Во специјализираното одделение се забележа промена во структурата на пријавени лица, па во 2025 година зголемен е бројот на пријавени лица во својство на царински службеници и припадници на затворска полиција, а за првпат имаме и пријавено правни лица. По однос на видот на кривични дела во 2025 имаме зголемен број на оформени предмети за кривично дело царинска измама, оддавање службена тајна и фалсификување исправа, секако како и коруптивните дела, примање поткуп и злоупотреба на службено овластување– изјави Абази.

Анализата, како што нагласи Абази, покажува дека вкупниот обем на работа е зголемен за 14 проценти во однос на 2024 година. 

Абази, појасни дека иако во 2024 година имале 114 кривични пријави, а во 2025 година 89, по бројот на сторители опфатени со овие кривчни пријави има зголемување од 347 во 2024, на 522 лица во 2025. 

-Со тоа и обемот на работа е многу поголем и посложен, имајќи предвид дека се работи за посложени предмети. Ние, како Обвинителство повеќе се фокусиравме на организирани групи и злосторничко здружување и затоа е имаме и поголема  бројка – изјави Абази.

Во однос на предметите против лица со полициски овластувања и припадници на затворската полција, Абази рече дека во континутет се бележи раст од 128 кривични пријави против 324 лица во 2024, на 167 кривични пријави против 637 лица во 2025 година. 

Во 2025 година ОЈО ГОКК се соочил со заостаток на нерешени предмети за вкупно 392 лица, а како една од причините за останатите нерешени пријави Абази посочи дека е тоа што предметите во ОЈО ГОКК се сложени и комплексни како по број на лица, така и по број на пријави. 

-Од кривичните пријави поднесени во 2025 година, само 16 проценти останале нерешени во ОЈО ГОКК, додека 84 проценти се нерешени кај други органи. Значи, за да го решиме предметот во 84 проценти од случаите чекаме одговор, да се постапува по нашите барања и наредби што сме ги издале до другите институции. Откако ќе ги добиеме и прибавиме, тогаш ќе се сторат услови како обвинителство да донесеме соодветна одлука – изјави Абази. 

Во 2025 година јавните обвинители од ОЈО ГОКК го примениле институтот за спогодба за 11 лица и за едно лице за скратена постапка. 

Согласно методологијата за случаи на високи корупција донесена од Министерството за правда, Абази изјави дека во 2025 година оформени се предмети по пријави поднесени против вкупно 301 физичко и 25 правни лица за дела – злоупотреба на постапка од јавен повик и кривични дела перење пари. 

Од вкупно осум предмети за висока корупција – еден е против градоначалник на општина за злоупотреба на службена положба и овластување и постапка за јавен повик, вториот е против директор на владина компанија за производство на електрична енергија за злоупотреба на службена положба, третиот е против директор на јавна установа за кривично дело примање поткуп, четвртиот предмет е против 15 директори на ЈЗУ за кривично дело злосторничко здружување и примање поткуп, петиот предмет е против 23 физички и 15 правни лица за злосторничко здружување и даночно затајување и даночна измама, шестиот предмет е против 13 физички и правни лица за злосторничко здружување и даночно затајување, седмиот предмет е против директор на Агенција за поддршка на земјоделството за примање поткуп и осмиот предмет е против менаџер на владина компанија за производство на електрична енергија за кривично дело злосторничко здружување и перење пари. 

Во однос на капацитет и опременост ОЈО ГОКК во 2025 година работел со 12 обвинители плус шефот, наспроти предвидените 17 обвинители плус шефот.  Пополнетоста на јавно обвинителската служба е 45 проценти, што значи дека од предвидени 71 место за стручна служба пополнети се 35 места. 

Советот на јавни обвинители на денешната седница го разгледа и едногласно го усвои Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК за 2025 година.