Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Откриена спомен биста на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа

Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија.

Спомен бистата е откриена во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на церемонијата во Музејот на град Скопје. 

– Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажа дека вистината и ненасилството не се знаци на слабост, туку моќни инструменти за обезбедување правда, слобода и достоинство – рече Мурму.

Реклама

Нагласи дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, вербата на Ганди во дијалогот, сочувството и мирниот соживот останува актуелна и денес.

– Се надевам дека посетителите на овој музеј, особено младите луѓе, ќе застанат пред неговата биста и ќе ја почувствуваат пораката на Ганди. Нека ги инспирира да ја отфрлат омразата, разликите да ги решаваат на мирен начин и да му служат на општеството со храброст и емпатија – истакна индиската претседателка.

Претседателката Сиљановска-Давкова со порака дека промената што сакаме да ја видиме во светот треба да започне токму од нас самите.

– Веројатно најважното наследство што го остави Ганди е идејата за ненасилно самоопределување како право на луѓето да одлучат за нивната судбина и иднина, но исто така и слобода да ги организира животите во согласност со нивната сопствена волја. Оваа желба за слобода е вековен идеал на индискиот, но и на македонскиот народ, нагласи Сиљановска-Давкова.

Градоначалникот на Скопје нагласи дека настанот има посебна симболика бидејќи се случува во Скопје, градот во кој е родена Света Мајка Тереза.

– Махатма Ганди и Мајка Тереза својата мисија ја остварувале на различни начини, но нивните животи ги поврзува една универзална порака – дека човечноста, љубовта, сочувството и несебичната грижа за другите се најголемата сила што човекот ја поседува – рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека нивното наследство и денес инспирира милиони луѓе ширум светот и додаде дека Скопје ја знае вредноста на солидарноста.

– Скопје е град кој ја знае вредноста на солидарноста – град кој по големата трагедија во 1963 година ја почувствува подадената рака од целиот свет и затоа длабоко ја разбира важноста на меѓусебната поддршка, почитта и пријателството меѓу народите – истакна градоначалникот.

Поставувањето на споменикот на Ганди во јавниот простор, порача Ѓорѓиевски, претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат луѓето, а не на оние што ги разделуваат.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: