Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Општина Чаир за граѓаните организира бесплатни совети и здравствени услуги

Општина Чаир и неделава продолжува со активностите во рамки на платформата „Чаир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир и неделава продолжува со активностите во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, преку која граѓаните ќе можат бесплатно да добијат совети и здравствени услуги.

-Секој ден, од 11:00 до 13:00 часот, граѓаните ќе можат бесплатно да добијат совети и здравствени услуги на следните локации: Парк Чаир – медицински тим од Здравствен дом Скопје, Стара чаршија (пред Мустафа-пашината џамија) – медицински тим од Здравствен дом Скопје и во Парк „Ринија“ – лекари епидемиолози од Центарот за јавно здравје – Скопје – соопшти општинската прес-служба.

Од општината информираат дека граѓаните на сите пунктови ќе можат бесплатно да добијат: совети за заштита од високите летни температури; мерење на крвен притисок; мерење на шеќер во крвта; совети за соодветна облека и заштита во текот на топлите денови и едукативни брошури со практични препораки за зачувување на здравјето.

Реклама

Во рамки на активностите, претставници на Општина Чаир, во соработка со Црвениот крст, ќе делат шишиња со вода на најфреквентните локации, со цел поттикнување на навремена хидратација и превенција од негативните последици на високите температури.

Целта на овие активности, како што посочуваат од Општина Чаир, е навремена превенција, информирање и поддршка на граѓаните во периодот на летните горештини, со посебен акцент на најранливите категории.

-Преку овие пунктови, граѓаните кои живеат или се движат во нивна близина ќе имаат можност да направат основни здравствени проверки, да добијат стручни совети од медицинските тимови и да се информираат за превентивните мерки за заштита и зачувување на здравјето во денови со високи температури. Превенцијата е најдобрата заштита. Чаир во ритамот на здравјето – затоа што здравјето на граѓаните е наш највисок приоритет! – информираат од Општина Чаир.